Евробаскет 2017: Победи на фаворитите во првите три натпревари

Од:

Првите три натпревари од денешната програма на Европското кошаркарско првенство за мажи, завршија со победи на фаворитите.

Во Хелсинки каде се играат средбите од А групата селекцијата на Полска убедливо со 30 поени разлика го совлада Исланд 91-61.

Во рамките на Ц групата, чиј домаќин е романскиот град Клуж, репрезентацијата на Црна Гора со 24 поени разлика беше подобра од Унгарија (72-48), а ништо подобро не минаа ниту кошаркарите на Белгија кои во дуелот против Летонија, кој се одигра во Истанбул во рамките од Д групата, загубија со 92-64.

Во тек се три средби, Грција – Франција, Грузија – Германија и Русија – Србија, а подоцна попладнево и вечерва ќе се играат натпреварите Финска – Словенија (А група), Украина – Италија, Израел – Литванија )Б група), Чешка – Шпанија, Хрватска – Романија (Ц група) и Велика Британија – Турција (Д група).

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он