Групацијата Фридкин доби одобрение од Премиер лигата да стане нов сопственик на фудбалскиот клуб Евертон, пренесуваат британските медиуми.
Процесот на преземање започна кога Фридкин се согласи да купи 94,1% од уделот на Фархад Мошири, а се очекува да биде завршено следната недела.
Групацијата Фридкин ја поседува и Рома, која ја води американскиот милијардер Ден Фридкин. Нивната вредност се проценува на 6,1 милијарди долари.
Од клубот наведуваат дека Евертон го очекува светла иднина, а следната година клубот од Ливерпул треба да добие нов модерен стадион со капацитет од 53.000 седишта, додека Гудисон Парк ќе биде срушен.
Во моментов Евертон е на 15. позиција во Премиер лигата со 14 освоени бодови.