Евертон бара 130 милиони евра за да го ослободи својот играч Ришарлисон, кој е на мета на многу големи европски екипи.
Англиските медиуми пишуваат дека голем интерес за 22-годишниот играч од левото крило покажале Манчестер Јунајтед, Барселона и Интер.
Бразилскиот играч има догогор со Евертон до 2023 година, а во Ливерпул дојде од Ватфорд минатата сезона за 40 милиони евра.
Напаѓачот на клубот од Ливерпул сосема го оправда износто кој е платен за него ако се знае дека на 38 натпревари за Евертон постигнал 14 голови.
Инаку, благодарение на фантастичната сезона на младиот Бразилец во Премиер лигата, Ришарлисон стана важен дел од репрезентацијата на Бразил.