Бен Једер сака да игра во големите европски клубови

Од:

Напаѓачот на Севилја Висам Бен Једер одбил примамлива понуда од кинески клуб, поради едноставна причина – сака да игра во европските великани.

Францускиот „Л’Екип“ објави дека претставници на Манчестер јунајтед и ПСЖ го контактирале агентот на Севилја, со намера Бен Једер да го донесат во своите редови.

Тоа е и причината, според истиот извор, што 28 годишниот Французин ја отфрлил импресивната понуда на кинескиот клуб Пекинг Синобо Гуоан, кој му нудеше месечна плата од милион евра.

– Сонувам да играм на највисоко ниво, во најголемите клубови во светот и да бидам покрај играчи од светска класа, образложи Бен Једер.

Бен Једер имаше одлична сезона зад него во Севилја, постигнувајќи 30 гола на 51 натпревар.

Би можело да ве интересира

Петте тренери, кои потрошиле најмногу пари за играчи во историјата на фудбалот

Познато колку пари му нудат Барса, Јуве и ПСЖ на Де Лихт

УЕФА ги обврза европските клубови, без српските, да гостуваат во Косово

Селтик прв европски клуб со три домашни трофеи три години по ред

Евертон бара 130 милиони евра за Ришарлисон

Тебас: Сити и ПСЖ треба да бидат избркани од европските натпреварувања