Познато колку пари му нудат Барса, Јуве и ПСЖ на Де Лихт

Од:

Каталонскиот весник „Спорт“ ги објави наводните плати кои три водечки европски клубови му ги нудат на Матаис де Лихт.

Од Ајакс се подготвени да прифатат понуда од околу 70 милиони евра и нема да му наметнуваат на својот дефанзивец со кого да потпише. Де Лихт и неговиот агент, Мино Рајола, мора да одлучат во која насока ќе се свртат.

„Камп Ноу“ е подготвен да му даде 6 милиони евра (нето) на 19-годишниот фудбалер. Париз Сен Жермен предлага двојно повеќе – 12 милиони евра, додека италијански Јувентус подготви договор за 10 милиони годишно.

Барса нема намера да ја подигне понудата за холандскиот репрезентативец, и тој веќе не верува дека играчот ќе го претпочита проектот на „лос кулес“.

Според „Спорт“, од Барса веќе сметале дека Де Лихт е испуштена шанса, откако Рајола веќе водел преговори во Париз.

Би можело да ве интересира

Петте тренери, кои потрошиле најмногу пари за играчи во историјата на фудбалот

Бен Једер сака да игра во големите европски клубови

УЕФА ги обврза европските клубови, без српските, да гостуваат во Косово

Селтик прв европски клуб со три домашни трофеи три години по ред

Евертон бара 130 милиони евра за Ришарлисон

Тебас: Сити и ПСЖ треба да бидат избркани од европските натпреварувања