Евертон ангажира телохранители за фудбалерите

Од:

Раководството на Евертон одлучи да најми телохранители за своите играчи, по оружениот инцидентот што деновиве се случи во семејниот дом на шведскиот голман во редовите на премиерлигашот од Ливерпул, Робин Олсен.

Како што објави весникот „Дејли Мејл“, на сите фудбалери на Евертон им е понудена лична заштита, а премиерлигашот, во меѓувреме, организирал и едукативен курс за играчите со совети како да се однесуваат во случај на близок контакт со вооружени криминалци.

На 10 март, непознати лица по кои сè уште трага полицијата, вооружени со ножеви упаднаа во домот на Олсен во време кога во семејната куќа биле и неговата сопруга и двете деца. Англиските медиуми јавија дека од домот на Олсен биле украдени скапи часовници и накит, а фудбалерот и неговото семејство, за среќа, не биле повредени.

Би можело да ве интересира

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем

ВИДЕО: Навивач на Евертон кој им помагаше на украинските бегалци доби шанса да изведе пенал

Евертон го претрпе првиот пораз оваа сезона

Евертон го победи Тотенхем

Ландов

Кутињо предложен на Евертон

А1он

Барселона може да го ослободи Кутињо за 75 милиони евра, за него се заинтересирани Евертон и Лестер

Ландов