Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ

Од:

Новак Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри го победи шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Со ова го освои првото олимписко злато, што е последен голем медал што му недостигаше. Во објавата што му ја посвети Еуроспорт кој напиша: “Сон кој се оствари. Гледавме неверојатни сцени откако Ѓоковиќ го освои олимпиското злато. Погледнете колку му значеше, сега освои и златен слем во кариерата”. додадоа покрај слика на Ѓоковиќ како плаче.

Но, со таа објава го ставија и хрватското знаме. Својата грешка во меѓувреме ја сфатија благодарение на бројните фанови од Србија, но и тамошните медиуми кои беа налутени од таа грешка. Објавата потоа беше избришана.

Еден ден подоцна, Еуроспорт се огласи на социјалните мрежи: „Длабоко жалиме за грешката што беше направена при изборот на емотикон за знаме за објавување на социјалната мрежа. Искрено се извинуваме. Уште еднаш, му честитаме на Новак за вистински историски момент за него и неговите земја“, е пораката за извинување.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 100-та титула во кариерата

Историска победа на Ѓоковиќ против Димитров во Мајами

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами

Ѓоковиќ го победи Музети и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Горан Наумовски

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и неговите колеги поднесуваат тужба

Пеколна ждрепка за Новак Ѓоковиќ