Еден од најдобрите светски фудбалери, Самуел Ето обвини дека луѓе од Фудбалскиот сојуз на Камерун сакаат да го убијат.
Напаѓачот на рускиот Анжи во едно интервју изјави дека некои луѓе му посакуваат зло.
-Челниците на ФС Камерун ми го загрозуваат животот. Сакаат да ме убијат, во моментов живеам со група телохранитњли. Еден од нив спие пред моите врати. Не го правам тоа бидејќи сум сноб, туку поради својата сигурност – изјави Ето.
Поранешната ѕвезда на Барселона пред година дена доби смртни закани, а тоа одеше до таму што Ето не јадеше со своите соиграчи, додека дресовите ги научи директно од „Пума“, бидејќи стравува да не го отрујат.