Ешли Јанг е уште една жртва на расизам

Од:

„Навивачи“ на Манчестер Јунајтед го бомбардираа со навреди капитенот на тимот, Ешли Јанг по елиминацијата од Лигата на Шампионите.

Многумина од нив го нападнаа искусниот играч на расистичка основа. Во публикации на различни корисници на „Твитер“ се читаат зборовите како „мајмун“ и „црнец“, како и најдолни вулгарности.

Во контекст на ова, познатата организација за борба против расизмот и секаков вид дискриминација – „Кик ит Аут“, излезе со специјално обраќање, во кое се вели следново: „Уште еден темнокож играч, овој пат Ешли Јанг, стана предмет на расистички напад на социјалните мрежи по дуел од ЛШ. И повторно го поставуваме на „Твитер“ истото прашање: Кога ќе преземете сериозни мерки, за да се справите со жестоката дискриминација на вашата платформа?“.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ