Ердоган бара објективност од УЕФА

Од:

Турскиот премиер, Реџеп Тајип Ердоган побара од УЕФА да биде објективна во пресрет на објавувањето на домаќинот на Евро 2024.

Турција и Германија се земјите, меѓу кои биде одреден победникот.

Уште пред неколку дена, од УЕФА најавија дека Германија е фаворит да го организира првенството не само поради самите услови, но и бидејќи Турција има сериозен проблем со почитувањето на човековите права.

Ердоган, пак, одбива да ги прифати сигналите од Нион.

– Ги исполнуваме сите барања. Очекуваме УЕФА да направи фер избор. Во речиси сите поголеми градови имаме изградено многу стадиони и спортски комплекси, од кои некои ги нема никаде на друго место во Европа. Ако УЕФА направи непристрасна оценка, тие не можат да не го забележат овој факт, рече Ердоган.

Како уште еден голем проблем пред Турција од Нион ја посочија сегашната забрана за рекламирање алкохолни производи.

– Постојат услови за потенцијален конфликт на интереси, ако, на пример, е склучен договор со компанија за пиво, велат УЕФА.

Победникот ќе биде објавен утре.

Би можело да ве интересира

Мицотакис и Ердоган ќе се сретнаа во Турција за да ги подобрат односите

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски