„Епл“ најавува крупни промени во автомобилската индустрија

Од:

Извршниот директор на американскиот информатички гигант „Епл“, Тим Кук, изјави дека во автомобилската индустрија наскоро ќе дојде до големи промени и дека во тоа ќе учествува и неговата компанија.

Кук притоа не потврди дали „Епл“ работи врз развојот на автомобилите, иако и некои претходни информации индиректно укажуваа на тоа.

Место тоа, тој навести во што ќе се состои главниот придонес на компанијта „Епл“ во автомобилите на иднината.

-Кога ги набљудувам денешните автомобили забележувам дека софтверот станува се поважен елемент за возилата на иднината, вели Кук.

Тој ја истакна и важноста од усовршување на технологиите за автономно возење и премин од бензински и дизел мотори на електричен погон.

Според претходните најави, се верува дека евентуалниот iCar ќе има електричен мотор и некој вид полуавтономен систем што делумно ќе го замени возачот.

Кук ги отфрли критиките од оние кои се сомневаат во плановите на компанијата „Епл“ да се вклучи во автомобилската индустрија, наведувајќи дека првиот продор веќе е направен со „Apple CarPlay“ оперативниот систем.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ