ЕП У-18: Македонските кошаркари ја победија Ирска

Од:

Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија славеше победа против Ирска, во рамките од 2.коло на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.

Во натпреварот од А групата, одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски’’ македонските јуниори иако на полувремето губеа со 46-51, сепак ја совладаа Ирска со 96-82 по четвртини 28-31, 18:20, 34:18 и 16:13.

Најефикасен во редовите на нашата селекција беше Виктор Ефремовски кој средбата ја заврши со 24 поени (7/12 за три поени). Двоцифрен број на поени постигнаа и Петар Огњеновиќ 15, Ненад Димитриевиќ 14, Стефан Милевски 13 и Ранко Мамузиќ 10.

Во оваа група денеска се одиграа и средбите: Полска – Бугарија 74-69 и Унгарија – Кипар 88-41.

За, репрезентациите во А групата утре е слободен ден на шампионатот, а натпреварите од 3.коло ќе се играат во понеделник.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он