ЕП фудбал У-21: Италија и Германија изборија полуфинале

Од:

Репрезентациите на Италија и на Германија ја комплетираа „четворката“ полуфиналисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Полска.

На синоќа одиграните дуели од 3. коло од групата Ц Италија ја победи Германија со 1:0, а за двете селекции да бидат во полуфиналето им „помогна“ Данска која со 4:2 ја победи Чешка.

Првото место во групата го освои Италија со 6 бодови, додека Германија има исто шест бодови но пораз во меѓусебниот дуел.

Но, Германците се најдобрата второпласирана селекција од трите групи. Во мини табелата на второпласираните селекции Германија има 6 бодови и гол разлика (5:1), Словачка има 6 бодови (6:3), а Португалија 6 бодови (7:5).

Во полуфиналето на 27 јуни ќе играат: Англија – Германија (18 часот во Тихи) и Шпанија – Италија (21 часот во Краков).

Македонија по комплетирањето на првата фаза шампионатот го заврши на 12.место.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски