ЕП 2020 во фудбал ќе се игра во повеќе од две земји

Од:

Европското фудбалско првенство 2020 година ќе биде одржано во повеќе земји, одлучи денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Извршниот комитет на УЕФА соопшти дека натпреварите од Еуро 2020 за осум години ќе бидат одржани во повеќе различни поголеми градови низ Европа.

Предлогот, поднесен од претседателот на УЕФА Мишел Платини, го поддржаа сите делегати, освен претставникот на Турција. Турција беше кандидат за организирање на ЕП 2020 година.

Комитетит за натпревари на УЕФА се очекува да ги разработи останатите детали во следните неколку месеци.

Платини за првпат овој план го претстави за време на ЕП во Полска и Украина.

Се уште не е познато колку земји ќе бидат домаќини на Еуро 2020, но досега предложени се 13 земји. Финалната одлука УЕФА се очекува да ја донесе во март 2013 година.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски