Ентони го престигна Оскар Робертсон и се искачи на 12. место по број на поени во историјата на НБА

Од:

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони го надмина легендарниот Оскар Робертсон и го зазеде 12. место во историјата на НБА-лигата според постигнати поени во кариерата.

Во победата на Портланд над Орландо извојувана ноќеска на домашен терен, 36-годишниот Ентони постигна 23 поени. Ова е неговиот најдобар резултат во тековната сезона.

Ентони стигна до 26.715, додека Оскар во својата кариера успеа да реализира 26710 поени.

Најблиску до Ентони на листата по ефикасност во НБА лигата е Хаким Олајџувон со 26.946 поени кој е рангиран на 11-то место.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ