Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Од:

Новак започна да работи со својот долгогодишен ривал и пријател, Енди Мареј, кој му се приклучи на неговиот тим како тренер.

Договорот е постигнат во пресрет на правење стратегија за следната сезона, со фокус пред се на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Новак ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула во сингл.

Досега го има освоено трофејот во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021 и 2023 година.

„Возбуден сум што ќе имам еден од моите најголеми ривали на истата страна од мрежата со мене, овој пат како тренер. Со нетрпение очекувам да ја започнам сезоната покрај Енди и да го имам покрај мене токму во Мелбурн, каде споделивме толку многу одлични моменти во текот на неговата кариера“, истакна Ѓоковиќ.

По првиот Грен слем во сезоната, а во зависност од натпреварувачкиот распоред на Новак, Ѓоковиќ и Мари ќе договорат евентуално продолжување на соработката во текот на годината.

„Ќе му се приклучам на тимот на Новак во текот на подготвителниот период, помагајќи му да се подготви што е можно повеќе за Австралија опен. Многу сум возбуден поради тоа и со нетрпение очекувам да бидам на истата страна од мрежата за промена, и благодарен сум за можноста да му помогнеме во остварување на целите во наредната година“, рече Мари, трикратен Грен слем шампион, петкратен финалист на Австралија опен, поранешен светски рекет број еден на АТП и освојувач на златен олимписки медал.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ