Капитенот на босанската фудбалска репрезентација, Емир Спахиќ, се наоѓа во Москва каде е пред потпис со рускиот гигант Анжи.
Спахиќ во Анжи пристигнува како замена за Крис Самба, кој оваа зима ја напушти Русија и се пресели во редовите на КПР.
Според пишувањата на шпанските медиуми, екипата на Севиља не сакала да се откаже од услугите на Спахиќ и не ја дозволувала оваа позајмица, но морале да попуштат поради лошата финансиска состојба во која се наоѓа клубот од Андалузија.
Анжи моментално се наоѓа на втората позиција во рускиот шампионат, со 41 освоен бод, само два помалку до првопласираната екипа на ЦСКА Москва.