Ембид со 41 поен при успехот на Филаделфија, Бостон го нанесе првиот пораз на Милвоки

Од:

Џоел Ембид реализира 41 поен и 13 скока во победата на Филаделфија над Лос Анџелес Клиперс со 122:113 во средба од регуларната сезона на НБА.

Ова е шести натпревар за Ембид од почетокот на сезоната, во кој тој бележи барем 30 поени и 10 скока.

Бен Симонс додаде 14 поени и 11 асистенции за успехот, а Филаделфија има пет последователни домашни победи од почетокот на кампањата.

За Клиперс, Лу Вилијамс се истакна со 26 поени, а Данило Галинари постигна 25. Тобајас Харис заврши со 24 поени.

Бостон пак му го нанесе првиот пораз за сезоната на тимот на Милвоки, откако го совлада со 117: 113.

Кајри Ирвинг постигна 28 поени, шест од нив од линијата за три поени, а Бостон заврши со рекордни 24 тројки во мечот.

За Милвоки, Јанис Антетокунбо се врати во игра откако пропушти еден натпревар и беше најкорисен за Бакс со 33 поени и 11 скока.

Резултати од НБА:
Филаделфија – Лос Анџелес Клиперс 122:113
Кливленд – Денвер 91:110
Шарлот – Оклахома Сити 107:111
Атланта – Сакраменто 115:146
Бостон – Милвоки 117:113
Портланд – Њу Орлеанс 132:119.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот