Кошаркарот на Филаделфија севентисиксерс, Џоел Ембид, по поразот од Бостон селтикс со 117:101 изјави дека е исклучително незадоволен од играта на целиот тим во одбраната.
– Се започнува од одбраната, а јас бев ужасен. Сите потфрливме во играта. Тоа не сме ние, дефинитивно. Ако секој даде максимум, ние ќе бидеме најдобриот дефанзивен тим во лигата. Но многу работи не направивме, истакна Ембид.
Центарот на Филаделфија натпреварот го заврши со учинок од 31 поен, 13 скокови и една асистенција.
Селтикс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија на Источната конференција.