На Мастерс турнирот во Рим во двете конкуренции од денешната програма завршија мечевите за двајца од фаворитите. Кај мажите шампионот на Австралија Опен, Станислас Вавринка од Швајцарија загуби од Германецот Томи Хас со 2:1 (5:7; 6:2 и 6:3) во сетови, иако водеше со 1:0.
Кај жените двократната победничка на Рим (2011 и 2012 година), Русинката Марија Шарапова загуби од Ана Ивановиќ од Србија со 2:0 (6:1 и 6:4 во гемови). Ова беше трета победа за Ивановиќ во меѓусебните 11 дуели и ја прекина серијата од седум порази од Шарапова.
На другите мечеви од осминафиналето кај мажите Милош Раониќ со 2:0 го победи Жо-Филфред Цонга, Енди Мареј со истиот резултат го совлада Јирген Мелцер, додека Жереми Шарди по вчерашната победа над Рожер Федерер денеска го победи Иван Додиг.
Во женска конкуренција во четвртфинале пласман покрај Ивановиќ изборија уште: Сара Ерани, На Ли, Агнешка Радванска, Суарез Наваро и Шуаи Женг.
Во текот на попладнето и вечерта ќе се одиграат и другите осминафинални мечеви.