Елиминирани Ферер, Шарапова и Јанковиќ на УС Опен

Од:

На отвореното првенство на САД во тенис ноќеска завршија натпреварите за неколку носители, а од фаворитите елиминирани се Давид Ферер кај мажите и Марија Шарапова и Јелена Јанковиќ кај жените.

Во рамките на третото коло во машка конкуренција четвртиот носител Давид Ферер загуби со 3:1 во сетови од Жил Симон. Лош почеток имаше и вториот носител Рожер Федерер, па откако го загуби првиот сет ги доби следните три за пласман во осминафиналето. Пласман во следната рунда по синоќешните победи обезбедија уште: Григор Димитров, Томаш Бердих, Гаел Монфилс и Марин Чилиќ.

Кај дамите во најинтересниот осминафинален меч Каролине Возниацки (финалистка 2009 година) ја победи со 2:1 во сетови Марија Шарапова (победничка 2006). Сара Ерани со истиот резултат ја совлада Мирјана Лучиќ – Барони, додека Белинда Бенчиќ (САД) беше подобра од Јелена Јанковиќ со 2:0. Пласман во четвртфиналето избори и Шуаи Пенг со триумфот над Луси Сафарова.

Другите осминафинални мечеви се играат вечерва, кога и почнуваат машките осминафинални дуели.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2