Елиминација на македонските тенисери на фјучрсот во Египет

Од:

Со поразите во мечевите во 1. коло заврши настапот на македонските тенисери на фјучрс турнирот Ф15 во поединечна конкуренција кој се игра во  египетското одморалиште Шарм Ел Шеик.

Стефан Мицов го загуби мечот со Аргентинецот Данте Џенаро со 2:0 – во сетови 6:4 и 6:3.

Бесир Дургути во дуелот со носителт број 4, Бариш Ердгуден од Турција загуби со истиот резултат, а освои еден гем повеќе (6:4 и 6:4).

Вчера на истиот турнир поразен беше и Томислав Јотовски со 6:3 и 6:1 од Чем Илкел од Турција.

Дургути и Мицов попладнево имаат меч во двојки против Туна Алтуна од Турција и Доминик Хрбати од Словачка, додека Јотовски во двојки со Џенаро од Аргентина вчера победија и утре во четвртфиналето ќе играат против четвртите носител Карим Хосам и Карим Мохамед Мамун од Египет.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ