Елиминација на македонските тенисери

Од:

Со поразите во мечевите во 1. коло заврши настапот на македонските тенисери на фјучрс турнирот Ф 15 во Шарм Ел Шеик. Стефан Мицов го загуби мечот со Аргентинецот Данте Џенаро со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). Бесир Дургути во дуелот со носителт број 4, Бариш Ердгуден од Турција загуби со истиот резултат, а освои еден гем повеќе (6:4 и 6:4).

Вчера на истиот турнир поразен беше и Томислав Јотовски со 6:3 и 6:1 од Чем Илкел од Турција.

Дургути и Мицов попладнево загубија и во мечот во двојки 6-2; 6-1 и 10-0 на поени од Туна Алтуна од Турција и Доминик Хрбати од Словачка, додека Јотовски во двојки со Џенаро од Аргентина вчера победија и утре ќе играат четвртите носител Карим Хосам и Карим Мохамед Мамун од Египет.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ