Елиминации за Ѓорческа и Јотовски во поединечна конкуренција

Од:

Македонските тенисери со денешните порази ги завршија натпреварите на фјучрс турнирите во поединечна конкуренција, а попладнево ќе имаат настап и во игра на двојки.

Лина Ѓорческа во Беинаско, Италија на турнирот со награден фонд од 25.000 долари загуби во четвртфиналето од Вивиен Јухазова (22.години) со 7:5 и 7:5 во сетови. Во двата сета нашата тенисерка не успеа да го искористи водството од 5:1 во гемови. За пласманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе освои 9 поени.

Во конкуренција на двојки попладнево Ѓорческа ќе игра во полуфиналето со Деа Херџелас од БиХ против Гарсија Перез (Шпанија) и Изабела Шинкова (Бугарија).

Томислав Јотовски фјучурсот во Хамамет, Тунис (награден фонд 10.000 долари) го заврши во второто коло откако загуби од Бастиан Маља од Чиле со 6:1 и 6:4 во гемови.

Во игра на двојки тој со Русинот Алексеј Ватутин ќе играат против Бразилците Бруно Сантана и Талес Турини.

Јотовски по завршувањето на настапот на турнирот се враќа во Македонија каде ќе почне со подготовки за настапот македонската Дејвис куп репрезентација.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ