Првиот човек на мото спортот Берни Еклстоун пред британските медиуми најави можни промени во сопственоста на Формула 1, отако откри дека има три сериозно заинтересирани купувачи.
– Постои голем интерес, три страни се сериозно заинтересирани да инвестираат, би бил изненаден кога некој од нив не би станал сопственик на Ф1 до крајот на годинава, изјави Еклстоун.
Медиумите пишуваат дека меѓу потенцијалните купувачи се сопственикот на НФЛ тимот Мајами, Стиве Роуз, тој до неодамна сакаше да купи барем дел од акциите на компанијата што управува со Ф1.