ЕХФ пресуди: РК Алкалоид е победник на Европскиот куп за мажи

Од:

Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со случајот кој беше отворен откако беше откажан реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, првично закажан за 25 мај 2025 година во Скопјe.

Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да учествува во закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен. Судот одлучи на следниов начин:

„Резултатот од реваншот од финалниот натпревар на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, е 10:0 во голови и 2:0 во бодови.

Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 29:25. РК Алкалоид е затоа победник на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула.

Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивно дејство. Одлуката што се разгледува само ги опфаќа аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек. РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“, се вели во одлуката.

Би можело да ве интересира

„Алкалоид“ на Третата регионална ESG-конференција на AmCham: градење резилиентност во свет што се менува

Мукаетов: Очекувам ЕХФ да донесе одлука според важечките правилата

Ракометното реванш финале Алкалоид – АЕК е откажано „од безбедносни причини“ – соопштија од ЕХФ!

А1он

Официјално, натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се одигра

А1он

Со „Ја излези Ѓурѓо“ публиката во „Борис Трајковски“ ги повика ракометарите на АЕК на терен – тие бојкотираат

А1он

„Алклоид“ со јубилејна плакета од црвен крст