Турскиот кошаркарски гигант Ефес Анадолу потпиша договор со искусниот Тони Даглас, играч со големо НБА искуство.
31-годишниот Даглас настапуваше за Мемфис Гризли, но малата минутажа е причината кариерата да ја продолжи во Европа.
Беше дел и од екипите на Њујорк, Сакраменто, Голден Стејт, Мајами и Њу Орлеанс Хорнетс.
Во НБА, Даглас имаше просек од скоро осум поени по натпревар.