Едно злато и пет бронзи за каратистите на Макпетрол на „Подравина-Ѓурѓевац опен 2017“

Од:

Карате клубот Макпетрол освои шест медали – 1 златен и 5 бронзени на осмиот Меѓународен карате турнир „Подравина-Ѓурѓевац опен 2017“ во Ѓурѓевац, Хрватска.

Абдурахим Идризи во јуниорска конкуренција -55 кг се закити со злато, а во кадетска-52 кг по минималниот, пред се несреќен пораз, освои бронза. Давуд Рамадановски (-63 кг) во кадетска конкуренција и во отворената категорија, каде што успеа да се закити со две бронзи. Михаил Спасовски во опен категоријата за помлади кадети освои бронзен медал. Исто така и Кристијан Вошковски се закити со бронза во кадети -52 кг. Данило Божовиќ и Даријан Тасевски за малку остана без медал, како и Димитар Лозански.

На турнирот одржан викендот учествуваа над 700 натпреварувачи од 68 клубови и 8 држави во силна конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат