Екипата на Струмица се наоѓа на чекор до шампионска титула во Македонското одбојкарско првенство, откако синоќа во вториот натпревар од финалето во плејофот го победи Пробиштип.
На средбата одиграна во Пробиштип, струмичани триумфираа со 3:1, по сетови (25-22, 25-16 19-25 и 27-25).
Моменталниот резултат е 2-0 во финалната серија која се игра до три победи.
Следниот натпревар е закажан за 8 мај (понеделник) на теренот на Струмица.