Македонската репрезентација во традиционално карате од денеска до 6 декември ќе учествува на Светскиот Фудокан карате шампионат за јуниори, кадети и деца во Белград, Србија.
Вкупно 11 каратисти ќе ја претставуваат нашата земја на ова првенство:
1.Мила Саздова,
2.Ана Крстевска,
3.Јана Милевска,
4.Берта Милевска,
5.Антонија Белазелкоска,
6.Јелена Дробниќ,
7.Каратина Дробниќ,
8.Бојан Богдановиќ,
9.Огнен Тасевски,
10.Матеј Јарчевски,
11.Дамјан Таневски.
Натпреварите ќе се одржат по ИТКФ правила во сите натпреварувачки дисциплини кои постојат во традиционалното карате.