Италијанската автомобилска компанија за спортски автомобили Lamborghini на крајот на 2013 година го претстави моделот Veneno Roadster кој беше достапен во само 9 примероци, а беше понудена и исклучително ограничена серија од само три автомобили.
Се претпоставуваше дека ретко кој може да дојде до него, но деновиве се појави оглас, на најпопуларниот германски сајт за продажба на автомобили, mobile.de.
Идниот сопственик за овој модел ќе треба да издвои 5,7 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од регуларната цена на моделот од 3,3 милиони евра колку што бараше Lamborghini.
Овој автомобил е опремен со 6,5-литарски V12 мотор со 750 коњски сили, а забрзува од 0-100 за само 2,9 секунди.