Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Од:

Еден од најдобрите ски-скокачи на денешницата, Даниел Андре Танде, на 30-годишна возраст ја заврши кариерата.

Танде, четирикратен светски шампион и олимписки златен медал во ски скокови, сè уште не се опорави целосно од тешкиот пад на словенечка Планица пред повеќе од три години.

Норвежанецот во март 2021 година имаше тежок пад во тест серијата на првиот ден од финалето на Светското првенство за скокачи во Планица и мораше да биде пренесен во болница во Љубљана, каде што неколку дена помина во индуцирана кома.

И покрај тоа што не беше 100% здрав, Танде реши да продолжи да се натпреварува, но во следните три сезони ги зазеде 21, 18 и 38 место севкупно на Светското првенство.

Откако му стана јасно дека ќе биде тешко целосно да се опорави и да се врати на старото ниво, реши да објави дека се пензионира.

Морав да сфатам дека скокањето сега ми предизвикува повеќе страв отколку радост. Отсекогаш сум велел дека во ваков момент е време да се збогувам“, изјави Танде.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“