Австриските скијачки Елизабет Гергл и Ана Фенингер и донесоа победа на својата земја на денешниот Супервелеслалом возен во францускиот скијачки центар Вал д’Изер.
Гергл беше најбрза со време 1.25:42 минути ила само пет стоти делови од секунда подобро од сонародничката Фенингер.
Место на подиумот имаше и за Тина Мазе од Словенија која зад победничката заостана 13 стотинки.
Американката Линдзи Вон не успеаја да го избори четвртиот последователен подиум и да ја забележи 62.победата во кариерата со што би го изедначила рекордот во Светскиот куп поставен 1980 година. Таа падна, не ја заврши трката и барем за уште некој период ја остави на врвот на вечната листа Анамари Мозер-Проел (Австрија).
Во Супервелеслалом води Лара Гут со 150 бодови, пред Гергл со 122, Мазе 120, Фенингер 112,…