Како што пазарот на електрични возила се зголемува, помалите производители успеваат да предложат сопствени оригинални решенија во овој сегмент. Така, од Белгија пристигнува Е-кар 333 електрично возило со три тркала.
Е-кар 333 има максимален домет на движење од 300 километри и максимална брзина од 130 километри на час. Ова необични возило со три тркала се очекува да се појави на пазарот идната година по цена од 18.000 до 39.000 евра во зависност од пакетот и опремата.
Електричното возило ќе биде достапно во повеќе изведби, како што е карго, баги, роудстер, купе, пик-ап, а со него ќе може да се превезуваат четири возразни лица.
Полнењето на батеријата на Е-кар 333 ќе трае само еден час, а креативниото трио составено од Хавиер ван дер Степс, Михаел Верлејн и Ерик Плумакер очекува годишно да продава меѓу 150 и 200 возила.