Актуелниот светски шампион Рони О’Саливен многу потешко од очекувањата го совлада Џо Пери во осминафиналето од Светското првенство кое се игра во Крусибл театарот во Шефилд.
Феноменалниот Пери потполно го надигра шампионот во првите две сесии и водеше со 9:7.
Но во третата, денешна, сесија Рони заигра одлично, изедначи на 11:11, по што следуваа два безпрекорни тровифрени фрејма за конечна победа од 13:11.
„Ракетата“ во следното коло игра против подобриот од дуелот Марко Фу – Шон Марфи.
О’Саливен има 5 титули светски шампион 2001, 2004, 2008, 2012 и 2013. година.