Џио Струмица не успеа да се избори за пласман во ЦЕВ Челинџ купот

Од:

Актуелниот македонски шампион и освојувач на купот, екипата на Џио Струмица, не успеа да обезбеди пласман во ЦЕВ Челинџ купот на Балканскиот клупски одбојкарски куп што заврши вчера во салата „Парк“ во Струмица.

Во одлучувачкиот натпревар против екипата на Токат Беледие од Турција македонскиот претставник доживеа убедлив пораз од 3:0, по сетови 25:11, 25:15 и 25:20.

Првото место и пласман во натамошните натпревари обезбеди екипата на Токат Беледие од Турција, второто место го освоија одбојкарите на Џио Струмица, а третото место и припадна на екипата на Приштина Волеј од Косово.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ