Најдобриот аргентински кошаркар Ману Џинобиле со голема веројатност нема да ја предводи неговата репрезентација на Мундобаскетот во Шпанија.
– Денеска можам да кажам дека 98 проценти веќе нема да играм за репрезентацијата. Иако планирав да бидам дел од Аргентина на Светското првенство, повредата на стапалото ме спречи да настапам во Шпанија, порача 37-годишниот ветеран.
Џинобили е член на НБА лигашот Сан Антонио, клуб кој му забрани да учествува на СП поради повредата на ногата.
Емануел Џинобили со репрезентацијата има освоено злато и бронза на Олимписките игри 2004 и 2008 година, и сребро на Светското првенство 2002 година.