Фудбалскиот клуб Вардар нема да ги продолжи договорите со Џамбул Џигаури и Итало Хозе Оливеира Дос Сантос, кои истекуваат по завршување на есенскиот дел од сезоната.
Тоа значи дека тие ќе го напуштат Вардар оваа зима. Џигаури дојде во Вардар во зимскиот преоден рок и одигра 40 натпревари за една година на кои што постигна пет гола.
Итало во Вардар се приклучи во август, а за црвено-црните одигра 17 натпревари, постигнувајќи четири гола.