Џереми Кларксон ја објави своја листа на 10 најлоши автомобили

Од:

Првиот автомобил на „чудната” листа на Кларксон на најлоши автомобили од 2015 и 2016 година е актуелната генерација на моделот Астра на Опел, кој своеглавиот Британец го опишал како „црвен автомобил со турбополнач за кој не може да се каже ништо повеќе”. На Кларксон многу повеќе му се допаѓа Форд Фокус.

За актуелната генерација на Шкодиниот репрезентативен модел Суперб, Кларксон вели: „Има душа толку колку што има душа фрижидер”.

Многу подобро не поминал ни новиот кросовер Кадјар dCi 130 на Рено: „Досада!” – вели Кларксон.

На листата е и Хјундаи i800 за кој Кларксон смета дека всушност треба да биде на листата на најлошите автомобили на сите времиња.

„Попрво би нанесувал крема на задникот на Џејмс Меј отколку повторно да патувам во ова комбе. Хјундаи има добри автомобили, но овој не спаѓа меѓу нив, бидејќи е грозен, бавен и бескрајно досаден”.

Меѓу најлошите е и супер брзиот британски автомобил Зенос Е10 S за кој Кларксон вели: „Забавен е се додека можете да ја поднесувате бучавата и додека не ви затребаат сопирачките. Не е забавно да се оди кон дрво во облак од чад кој го создаваат блокираните тркала”.

Тука е и БМВ Х1 хDrive 25д. Кларксон го опишува вака: „Се чини дека во компанијата БМВ навистина не сакале да произведуваат модел Х1 од првата генерација. Потоа се одличиле да го прават во Индија, Кина и Русија. И делува како да е направен таму. Со оглед на добрите резултати од продажбата на тие мешалки за бетон, во БМВ направија и Х1 и втора генерација., На тестот возев модел со погон 4х4, а веќе на треба автомобилот беше неупотреблив. Новиот Х1 всушност не е лош, но е далеку од тоа што на себе треба да ја носи ознаката БМВ”.

За Сеат Леон Х-Perience Кларксон вели дека е „неопислива загуба на метал, стакло и пластика. Мило ми е што Сеат го пушти овој автомобил на тест, бидејќи потоа го потврдив моето претходно мислење дека нивните автомобили се чисто губење на време” – вели на крај Кларксон.

Поради својата непрефинетост и неупотребливост надвор од тркачките патеки, Кларксон меѓу најлошите автомобили го сврсти и Нисан GT-R Track Edition за кој вели дека е опасен и целосно неупотреблив.
Првиот автомобил кој Кларксон го поседувал бил оригинален VW Scirocco. Колку што секогаш го фалел, толку сега го критикува актуелниот истоимен модел кој има дволитарски TDI мотор.

„Ангелот се претворил во лос. Погрешно звучи и темелен е на Голф 6 наместо на многу подобриот Голф 7. Се заедно, само ме потсетува на тоа колку го сакам Голф GTI”.

На Кларксон, на крај не му се допаѓа ни кросоверот Инфинити Q30 кој има 2,2 литарски дизелски мотор.

„Прегласно, без доволно сила за претекнување на обичен кампер. Ако ништо друго, не изгледа лошо”. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ