Џенерал Моторс: Произведени 500 милиони возила од 1908 година

Од:

Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ по повеќе од еден век постоење го произведе 500 милионитото возило и со тоа стана прв производител во светот со произведени половина милијарда автомобили.

Според тоа од фабричките погони на сите автомобилски брендови што работат под рамката на „Џенерал Моторс“ од производните ленти годишно излегувале над 4,6 милиони возила.

„Џенерал Моторс“ е основан во 1908 година. До 1931 година компанијата веќе поседувала три значајни сведски автомобилски брендови, британската Воксал, австрискиот Холден и германски Опел.

Компанијата низ својата историја е заслужна за голем број иновации во автомобилската индустрија. Меѓу нив е првиот В8 мотор и автоматски менувач, но и првото возудшно перниче вградено во сериски автомобил.

Првите стандардизирани кукли за испитување на безбедноста на автомобилот при судар, исто така, се дело на инженерите на „Џенерал Моторс“.

Компанијата во 2014 година заврши зад јапонска Тојота и германски Фолксваген, како трет производител во светот со испорачани 9,92 милиони возила.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ