Џејмс: Прегорен сум од умор

Од:

Леброн Џејмс со постигнатите 45 поени му донесе на Кливленд победа во седмиот натпревар против Индијана и обезбеди пласман во полуфиналето на плејофот на Источната конференција.

Најдобриот играч на Кливленд изјави дека било исклучително тешко да се скрши отпорот на противникот и дека по седум натпревари се чувствува исклучително исцрпен.

– Во моментов прегорен сум од умор. Воопшто не размислувам за Торонто, сакам само да си одам дома и да се одморам, истакна Џејмс кој на последниот натпревар играше 43 минути, а просечно во серијата по 41 минута.

На последниот натпревар тој по 35 минути на теренот замина во соблекувалната поради болки од грчеви, но потоа се врати и постигна уште седум поени за победа на Кливленд.

– Ова беше многу тешка серија. Индијана не измачи како никој друг сезонава. Тие се навистина добра екипа, нагласи Џејмс.

Кливленд во полуфиналето ќе се соочи со Торонто.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот