Џејмс: Одигравме добро, но сепак е само претсезона

Од:

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, наведе дека се радува на добрата игра на неговиот тим и на победата над актуелниот шампион Голден стејт вориорс, но дека нема причина за преголема еуфорија бидејќи станува збор за контролен натпревар од претсезоната.

Лејкерси ги совладаа Вориорс со 123:113, а Џејмс за 18 минути игра оствари 15 поени, десет скока и пет асистенции.

– Двата тима играа со голема енергија, бидејќи се подготвуваме за сезоната. Доста поени  добивме од контри – 38, а изгубивме само 19 топки, наспроти нив кои изгубија 25. Тоа е задоволувачки. Интензивно трениравме во изминатиот период и тоа можеше да се види на натпреваров. Сакаме да продолжиме во овој правец, истакна Џејмс.

Сезоната во НБА лигата почнува на 17 октомври, а првиот натпревар Лејкерси го играат против Портланд трејлблејзерс во Орегон.

Би можело да ве интересира

Гвинет Палтроу ја продаде луксузната вила што ја купи со поранешниот сопруг за 22 милиони долари

А1он

ВИДЕО: На Лос Анџелес му се заканува најлошото сценарио, помагаат пожарникари од Мексико

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Расте бројот на жртви во Лос Анџелес: Делови од градот изгледаат како бомбардирани

Катерина Ѓуровски

Лос Анџелес: Бројот на загинати во пожарите се искачи на 16, доаѓаат нови проблеми

ВИДЕО: Парис Хилтон објави снимка од уништената куќа во Малибу

(ВИДЕО) Жителите на ЛА се враќаат на уништените имоти: Како да паднала атомска бомба

Катерина Ѓуровски