Една од најзначајните личности во историјата на Лос Анџелес Лејкерс ја поддржа актуелната суперѕвезда на тимот Леброн Џејмс.
Карим Абдул-Џабар, кој има освоено пет од шесте титули во НБА со „езерџиите“, смета дека „кралот“ го поминал времето во кое треба да се докажува.
– Леброн нема потреба да се докажува пред никого. Не треба да се заморува со мислењата на другите. Но, во исто време, тој не може да ја донесе титулата во Лос Анџелес сам, па му треба помош, која мислам дека ја доби во лицето на Ентони Дејвис. Ако тој е здрав, а другите играат на нивото на кое можат, не верувам дека плеј-офот би бил проблем. Навивачите на Лејкерс се гладни за успех и верувам дека ќе го поддржат тимот“, изјави Џабар, кој е рекордер по учества во „Ол стар“ натпреварите.