Двократен олимписки победник од Норвешка оди во затвор поради кокаин и брзо возење

Од:

Казна затвор од седум месеци му изрече денеска судот во Осло на поранешниот двократен олимписки првак во нордиско скијање Петер Нортхуг, поради пребрзо возење и поседување дрога.

На прославениот норвешки олимпиец, како што јавија локалните медиуми, му е одземена и возачката дозвола.

Нортхуг во август годинава во четири наврати беше лишуван од слобода при полициски контроли на североистокот на Норвешка поради пребрзо возење.

На Нортхуг му се судеше и за поседување дрога, откако при претрес во неговиот дом полицијата пронајде шест грама кокаин и 0.65 грама други наркотици.

Прославениот норвешки нордиски скијач во судскиот процес ја призна вината за брзо возење.

Медиумите наведоа дека полицијата поседува снимка што Нортхуг самиот ја направил со својот мобилен телефон, додека возел со брзина од 203 км/час на делница на која максималната дозволена брзина е 110 км/час.

Полицијата бараше казна затвор од осум месеци.

Нортхуг во кариерата беше 13 пати светски првак, а поради лоши резултати ја пропушти зимската Олимпијада во 2018, по што ја заврши кариерата.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани