Две ракометарки на Вардар СЦБТ во „ол стар“ тимот

Од:

Ракометарките на Вардар СЦБТ Ана Ѓокиќ и Јованка Радичевиќ според гласовите на навивачите се најдоа во „ол стар“ тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Анкетата ја спроведе ЕХФ и притоа Радичевиќ доби и најмногу гласови 10.886 или 59,3 отсто на нејзината позиција.

Три ракометарки во најдобрата „седморка“ има од европскиот првак Ѓер, а по две од Вардар СЦБТ и Будуќност.

Најдобрите седум ракометарки според позициите се: лево крило – Мајда Мехмедовиќ (Будуќност); лев бек – Едуарда Аморим (Ѓер); среден бек – Анита Горбич (Ѓер); десен бек – Катарина Булатовиќ (Ѓер), десно крило – Јованка Радичевиќ (Вардар СЦБТ); пивот – Ана Ѓокиќ (Вардар СЦБТ) и голман – Клара Волтеринг (Будуќност).

За најдобар дефанзивец е прогласена Сузана Лазовиќ од Будуќност.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска