Двапати гo победи ракот и алкохолизмот, падна на допинг тест, па даде гол против Барселона за финале на Интер во ЛШ

Од:

Кога се упати кон голот на Барселона во 93. минута, веројатно не ни сонуваше што ќе се случи… На семафорот стоеше 2:3, а навивачите веќе почнаа да го напуштаат стадионот… Тој рече: „Не одете никаде. А, ниту Барса нема да се пласира во финалето!“.

Ова е приказната на Франческо Ачерби, херојот од победата на Интер над Барселона од 7:6 (4:3 во реваншот). Ачерби погоди во 93. минута и со тоа му донесе продолжение на својот тим…

Ако некој заслужуваше се позитивно и убаво, тоа беше Франческо. Животот не го „галел“, а приказната за 37-годишниот фудбалер остава без здив.

За почеток – алкохолизам.

„Кога умре татко ми, додека играв за Милан, паднав на дното и како да заборавив да играм фудбал. Почнав да пијам, во таа состојба“, отворено проговори Ачерби за проблемот.

Тој не се откажа. Секако дека не можеше да игра во клуб како Милан, но затоа го најде своето место во Сасуоло. Тоа беше нов почеток, но…

Шок – му дијагностицирале рак на тестисите.

„Можеби изгледа како ужасен парадокс, но ракот ме спаси. Како да требаше да започнам нов живот и да го гледам светот на начин на кој целосно сум заборавил“, изјави Ачерби.

Операцијата била успешна, но болеста се вратила. А за тоа дознал на потешкиот начин – паѓајќи на допинг тест.

„Стравот исчезна. Си помислив што ќе правам ако ракот се врати и реков дека повторно ќе се соочам со него. Имав хемотерапија, тоа беше како да зачекорив во паралелен свет. Тоа е свет на болка и храброст“ – раскажува дефанзивецот на Интер.

И тогаш – нова животна игра и нова победа. И каков.

Тој беше излечен од сите негови заболувања. Стигна до италијанската репрезентација, со „Аѕурите“ стана европски првак, со Интер го освои Скудетото, а сега е на чекор од титулата во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Меси блиску до потпишување на нов договор со Интер

А1он

(ВИДЕО) Интер е на прагот од четвртфинале во ЛШ – Тирам и Лаутаро го замолкнаа Ротердам

А1он

ЛШ: Реал ќе игра против Атлетико, ПСЖ налета на Ливерпул

Меси не сака да игра на -15 степени, Аргентинецот одби да игра во ЛШ во поларни услови

А1он