Македонските каратисти, членови на Скопски Макпетрол, кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, денеска во елиминацискиот дел од првенството постигнаа извонреден успех.
Петар Заборски во категорија – 75 килограми и Сара Радичевска во категорија – 50 килограми се пласираа во финалето, тие го обезбедија сребрениот медал и ќе имаат борба за злато.
Заборски ќе се сретне со натпреварувач од фаворизираните Португалци Де Пина Родриго Мацедо. Радичевска во финалната борба за противник ја има Португалката Леал Сара, додека пак Наташа Стефановска во категорија -61 килограм ќе се бори за бронзениот медал со Гарсиа Аура од Шпанија.
Борбите за медали по натпреварувачката програма се во текот на утрешниот ден.
Во Португалија има 220 спортисти од 108 универзитети од 30 држави