Македонската одбојкарска репрезентација ги загуби двата пријателски натпревара со Црна Гора одиграни во Будва.
Црна Гора денеска славеше со 3:0 (25:19; 25:20; 25:22), а во двата сета одиграни по напреварот, по еден сет добија и двете репрезентации. Македонија беше поуспешна со 25:20, а домаќинот со 15:13.
Истиот скор беше и на вчерашниот дуел. Натпреварот Црногорците го добија со 3:0 (25:20, 25:19 и 26:24), додека во другите два сета Македонија беше поуспешна со 25:14, а Црна Гора со 25:22.
Нашите одбојкари на двата дуела настапија некомплетни. Подготовките за квалификациониот турнир за Европското првенство македонските одбојкари ќе ги продолжат во понеделник во Струмица, каде Македонија ќе биде домаќин на турнирот. Покрај Македонија во Струмица ќе настапат и селекциите на Грузија, Шведска и на Азербејџан.