Два од два за Металург во Супер лигата

Од:

Ракометарите на македонскиот шампион Металург ја постигнаа втората победа во Супер лигата откако синоќа во салата „Автокоманда“ го совладаа Зомимак од Струмица со 28:22.

За Металург ова беше втор натпревар, бидејќи поради учество во Лигата на шампионите и СЕХА лигата има и два одложени дуела.

Најдобар играч на натпреварот беше голманот Петар Ангелов, кој иако настапи со инјекција и ја одложи операцијата на менискусот успеа да собере 20 одбрани со што даде голем придонес во победата на неговата екипа.

На другите два натпревара од 4.коло, Вардар Про му го нанесе и четвртиот пораз на Тинекс Пролет 38:21, додека Пелистер ја постигна првата победа над Куманово. Битолчани славеа со 32:27.

Табела: Вардар Про 7 бодови (3 натпревари), Зомимак 7 (4), Металург 6 (2), Пелистер 3 (2), Куманово 3 (3) и Тинекс Пролет 0 (4).

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска