Душебаев уште две години ќе го носи „црвено-црниот“ дрес

Од:

Четвртфиналистот од Лигата на шампионите и освојувач на македонскиот ракометен Куп екипата на Вардар го продолжи договорот со десниот бек и шпански репрезентативец Алекс Душебаев. Тој и во следните две сезони ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

–  Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати, изјави за клупскиот сајт Давор Стојаноски, директорот на Вардар.
Душебаев беше еден од носителите на играта на Вардар во Лигата на шампионите, каде постигна 73 голови и ги одигра сите натпревари. Оваа сезона се најде и во „ол стар“ тимот на СЕХА лигата, а во неколку наврати беше избран и во „тимот на колото“ во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он